недела, 7 декември 2025

Трамп потпиша наредба за Муслимански браќа во одредени земји да се означат како терористи

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша наредба со која се започнува процес со кој ограноците на Муслимански браќа во одредени земји ќе бидат означени како „странска терористичка организација“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во текстот објавен од Белата куќа доцна синоќа се наведува дека ограноците на Муслимански браќа во Либан, Јордан и Египет, земјата каде што движењето е основано во 1928 година, „спроведуваат или охрабруваат и поддржуваат кампањи на насилство и дестабилизација што им штетат на нивните региони, американските граѓани или американските интереси“.

Од министерот за надворешни работи Марк Рубио и министерот за финансии Скот Бесант ќе зависи да го завршат процесот на означување.

Ознаката „странска терористичка организација“ овозможува, покрај политичкиот притисок, низа финансиски и административни мерки: замрзнување на средства, забрани за трансакции, забрана за влез во Соединетите Американски Држави и друго.

Израел, сојузник на САД, ја поздрави одлуката на претседателот Трамп.

„Ова е важно, не само за Израел, туку и за соседните арапски земји кои со децении страдаат од тероризмот на Муслимански браќа“, рече израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, наведувајќи дека тие земји се Либан, Египет и Јордан.

Муслимански браќа, транснационална организација основана во бројни земји, долго време е главното опозициско движење во Египет и покрај децениите репресија.

Денес се смета за „терористичка“ организација во земјата и во голема мера беше отстранета од политичката сцена по краткиот едногодишен мандат (2012-2013) на еден од нејзините членови, тогашниот претседател Мохамед Морси, кој почина во затвор во 2019 година.

Муслимански браќа промовираат конзервативна форма на политички ислам. Движењето е забрането во неколку земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Јордан.

Јордан ги обвини Муслимански браќа за „активности што би можеле да ја дестабилизираат земјата“, особено производство и складирање на ракети и експлозиви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ