недела, 7 декември 2025

Трамп потпиша договор со јапонската премиерка за трговија и клучни минерали

Јапонската премиерка Санае Такаичи и американскиот претседател Доналд Трамп влегоа во завршната фаза од подготовката на договорот за обезбедување на ретки земни метали и други клучни минерали и зајакнување на синџирите на снабдување, објави денес весникот Асахи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Целта на договорот, кој двајцата лидери планираат да го потпишат на состанок подоцна денес, е да оговори на прашањата за економската безбедност, откако Кина ги заостри контролите за извоз на ретки земни метали кои се клучни за производство на многу производи, од паметни телефони до борбени авиони, во октомври, објави весникот, повикувајќи се на претставници на јапонската влада.

Белата куќа првично планираше да воведе дополнителна царина од 100 проценти на кинескиот извоз како одговор на доминацијата на Кина во глобалното производство. Но, Вашингтон и Пекинг подготвија рамковен договор завчера кој би можел да го запре зголемувањето на американските царини и кинеските ограничувања за извоз на критични минерали.

Трамп веќе обезбеди ветување од Токио за инвестиции во вредност од 550 милијарди долари во замена за намалување на високите увозни давачки. Новоизбраната јапонска премиерка Санае Такаичи се надева дека денес дополнително ќе го импресионира Трамп со ветувања за купување американски камиони, соја и гас и објавување договор за бродоградба, изјавија извори запознаени со плановите за Ројтерс.

Исто така, јапонската лидерка планира да го предложи Трамп за Нобелова награда за мир и презема чекори за официјално да го информира за својата намера, објави телевизијата НТВ, повикувајќи се на неколку владини извори.

Тој треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг задутре пред самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја за да ги потврди условите на договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ