недела, 11 јануари 2026

Трамп побарал план за инвазија на Гренланд, генералите одбиле

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на командантите на специјалните сили да развијат план за инвазија на Гренланд, пренесе британскиот Дејли мејл.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, по успехот на Вашингтон во воената операција во Венецуела на 3 јануари, за време на која беа уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, сакаат брзо да дејствуваат за да го освојат островот пред Русија или Кина да преземат некаков потег, се наведува во текстот.

Според извештајот, Трамп ѝ наредил на Обединетата команда за специјални операции да развие план за инвазија, но Здружениот штаб на американската војска се спротивставува на потегот, тврдејќи дека тој би бил нелегален и нема да има поддршка од Конгресот.

Наводно, на чело на тимот за преземање на Гренланд е Стивен Мелер, еден од најрадикалните членови на кабинетот на Трамп.

Во петокот, лидерите на политичките партии во Гренланд изјавија дека „не сакаат да бидат Американци, не сакаат да бидат Данци, туку сакаат да бидат Гренланѓани“, по изјавите на Трамп во кои изрази интерес за преземање на Гренланд.

Зборувајќи на настан во Белата куќа во петокот, Трамп рече дека ќе направи нешто во врска со Гренланд.

„Ќе направиме нешто во врска со Гренланд, без разлика дали им се допаѓа или не, бидејќи ако не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го преземат Гренланд, а ние нема да ги имаме Русија или Кина како соседи“, изјави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ