„Колумбија е многу болна, ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го извезува во Соединетите Држави… тоа нема да функционира уште долго“, им рече Трамп на новинарите во авионот Ер форс уан, осврнувајќи се на колумбискиот претседател Густаво Педро.
Кога директно го прашаа дали САД ќе извршат воена операција против Колумбија, Трамп одговори: „Тоа ми звучи добро“. Тој исто така рече дека Куба, близок сојузник на Венецуела, „изгледа како да е подготвена да падне“ сама по себе, без воена акција на САД.
JUST IN – President Trump: “Cuba is ready to fall.” pic.twitter.com/f0pCC8YGSU
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) January 5, 2026
Неговите коментари дојдоа откако САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го префрлија во Њујорк каде што е обвинет за трговија со дрога.
Трамп рече дека САД би можеле да извршат втор напад врз Венецуела ако членовите на неговата влада не соработуваат. Тој додаде дека подобро би соработувал со остатоците од режимот на Мадуро во борбата против трговијата со дрога и во обновата на нафтената индустрија, отколку на брзи избори за нова влада.






