понеделник, 8 декември 2025

Трамп планира да разговара директно со Мадуро

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им соопштил на своите соработници дека планира директно да разговара со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесува денеска Аксиос, повикувајќи се на извори од администрацијата на Трамп.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе, засега нема прецизни информации за тоа кога би можел да се одржи тој разговор, освен што се планира тој да се одржи.

„Никој не планира да влезе во Венецуела, да го застрела Мадуро или да го киднапира. Не би рекол никогаш, но тоа не е план во овој момент. Во меѓувреме, ќе ги дигнеме во воздух бродовите што транспортираат дрога. Ќе ја запреме трговијата со дрога“, рече неименуван функционер.

Досега, во американската воена акција, наречена „Операција јужно копје“, загинаа најмалку 83 лица во 21 ракетен напад врз бродови за кои се тврди дека превезуваат наркотици во САД.

“Имаме тајни операции, но тие не се замислени со цел да се убие Мадуро. Тие се испланирани да ја запрат трговијата со дрога. Сепак, ако Мадуро си замине, нема да пролееме солзи. Тој е наркотерорист”, рече висок официјален претставник на Белата куќа.

Во меѓувреме, американскиот генерал Ден Кејн, за кого се вели дека е „мозокот“ зад „Операција јужно копје“, го посети Порторико, каде што се стационирани околу 10.000 американски војници.

САД вчера официјално го означија венецуелскиот „Картел де лос Солес“ за терористичка организација.

Администрацијата на Трамп го обвини Мадуро дека го предводи картелот, што тој го негира.

Пред објавата на Вашингтон, венецуелската влада го отфрли планот на Соединетите Американски Држави да го прогласат, како што наведуваат, „непостоечкиот“ Картел де лос Солес за терористичка организација.

Како што е наведено во соопштението, венецуелската влада го нарекла американскиот план „смешен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ