понеделник, 15 декември 2025

Трамп: Она што го прави Русија е одвратно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го изрази своето незадоволство од Русија поради нејзиниот последен смртоносен напад врз Киев. Во нападот врз Киев загинаа 27 лица, меѓу кои и три деца.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија, мислам дека е одвратно она што го прави. Мислам дека она што го прави Русија е многу тажно. Многу Руси умираат“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Тој повтори дека САД планираат да воведат нови санкции врз Москва, но не зборуваше за детали.

„Не знам дали му пречат санкциите“, призна Трамп, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин. Западните земји воведоа низа економски мерки против Русија, обидувајќи се да ја лишат од средствата потребни за финансирање на војната.

Американскиот претседател најави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф ќе отпатува во Москва по посетата на Израел, каде што со израелски претставници разговара за ситуацијата во Газа. „Тој оди во Русија. Верувале или не“, рече тој.

Во меѓувреме, високиот американски дипломат Џон Кели му рече на Советот за безбедност на Обединетите нации дека Трамп дал рок до 8 август за постигнување договор за прекин на огнот во Украина. „И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август“, рече Кели.

Одделно, американскиот државен секретар Марко Рубио објасни дека по шест месеци чекање за дипломатска соработка, Трамп наскоро ќе биде принуден да одлучи колку активно ќе ги продолжи своите напори за прекин на огнот доколку едната страна одбие да прифати прекин на огнот.

Рубио потврди дека американски и руски претставници воделе приватни разговори за војната во Украина, но Вашингтон не забележал „никаков напредок“ во разговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ