Тој соопшти во објава на својата социјална мрежа Трут соушл дека Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска ќе се соочат со нови царини, кои ќе бидат зголемени на 25 проценти од 1 јуни доколку не се постигне договор за „целосно и комплетно купување на Гренланд“ од страна на САД.
„Светскиот мир е во прашање! Кина го сака Гренланд, а Данска не може ништо да направи во врска со тоа“, наведе Трамп.
Тој додаде дека Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска „патувале во Гренланд од непознати цели и играат многу опасна игра“.
„Мора да се преземат силни мерки“ за да се стави брз и неоспорен крај на оваа „потенцијално опасна ситуација“, додаде Трамп.






