понеделник, 15 декември 2025

Трамп објави трговски договор со Јапонија: Ќе инвестира 550 милијарди долари (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, за кој рече дека ќе резултира со јапонско инвестирање од 550 милијарди долари во Соединетите Држави и плаќање реципрочна царина од 15 проценти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на Трут соушл, Трамп додаде дека Јапонија ќе се отвори, меѓу другото, за трговија со автомобили, камиони, ориз и одредени земјоделски производи.

„Ова е многу возбудливо време за САД, особено затоа што ќе продолжиме да имаме одлични односи со Јапонија“, рече тој.

Соопштението на Трамп следеше по состанокот со главниот јапонски преговарач за царини Рјосеи Аказава, во Белата куќа во вторник, според весникот Асахи.

Весникот исто така објави дека Аказава одржал состаноци со американскиот министер за трговија Хауард Лутник и министерот за финансии Скот Бесент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ