вторник, 20 јануари 2026

Трамп објави пораки што му ги испратиле Макрон и шефот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Трут соушл приватни пораки за кои тврди дека му ги испратиле генералниот секретар на НАТО Марк Руте и францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во пораката, која тој му ја припиша на Руте, се наведува дека шефот на НАТО му честита за она што го постигнал во Сирија и дека ќе ги искористи своите медиумски настапи во Давос за да го истакне ангажманот на Трамп во Сирија, Газа и Украина. Руте исто така додава во пораката дека е посветен на пронаоѓање решение во однос на прашањето со Гренланд и дека едвај чека да го види Трамп.

Трамп исто така објави порака за која тврди дека му ја испратил Макрон.

Францускиот претседател во неа пишува дека тие се „целосно усогласени за Сирија“, дека заедно можат да постигнат „големи работи за Иран“, но дека не разбира што прави Трамп во однос на Гренланд.

Макрон предлага да се организира состанок во формат на Г7 во Париз по Давос при што во неформалниот дел, меѓу другите, ќе бидат вклучени претставници на Данска, Украина, Сирија и Русија.

Тој исто така предложи вечера со Трамп во Париз пред неговото враќање во Соединетите Држави.

Текстуалната порака објавена од американскиот претседател Доналд Трамп во која францускиот претседател Емануел Макрон го доведува во прашање неговиот став за Гренланд е автентична, изјави извор близок до Макрон за Си-ен-ен.

Изворот за Си-ен-ен исто така изјави дека приватната порака е во согласност со јавните коментари на Макрон.

Во последните денови, Макрон за заканата на Трамп со царини поради Гренланд рече дека е „неприфатлива“. Тој исто така ја отфрли поканата на Трамп да се приклучи на „Одборот за мир“ кој ќе ја надгледува реконструкцијата на Газа. На прашањето за тоа дека Макрон одбил повик доцна во понеделникот, Трамп рече: „Никој не го сака“ и ја спомена можноста за воведување царини од 200 посто за француско вино и шампањ.

Извор близок до францускиот претседател во вторникот за Си-ен-ен изјави: „Заканите со царини со цел да се влијае врз нашата надворешна политика се неприфатливи и неефикасни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ