„Ќе биде потребно извесно време“
„Прво мора да ја средиме земјата. Не можете да имате избори“, изјави тој за американската телевизија Ен-би-си њуз. „Ќе потрае некое време. Мораме да ја лекуваме земјата додека не заздрави.“
Венецуелската влада и понатаму го смета Николас Мадуро, кого американските сили во саботата го приведоа, за легитимен претседател на земјата.
Што вели уставот?
Според венецуелскиот устав, во случај на трајно отсуство на претседателот, потпретседателот ја презема должноста и мора да организира нови избори во рок од 30 дена. Но останува нејасно дали новото раководство ја смета актуелната ситуација за трајно отсуство.
Делси Родригез, која од 2018 година е потпретседателка на Мадуро, во понеделникот положи заклетва како вршител на должноста претседател на државата. Врховниот суд за време на викендот ѝ наложи привремено да ги преземе должностите на шеф на државата.
Во текот на викендот, американските сили нападнаа цели во Венецуела, заробувајќи го Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес. Тие беа донесени во Њујорк вчера за да се соочат со обвиненија за наводни кривични дела поврзани со дрога.






