“Не испраќам трупи никаде”, рече Трамп одговарајќи на прашањето на новинарите дали планира да испрати повеќе војници во регионот.
„Да планирав, сигурно не би ви кажал. Но, не испраќам војници. Ќе направиме сè што е потребно“, рече Трамп во Белата куќа, каде што денес се сретна со јапонската премиерка Санае Такаичи.
Агенцијата Ројтерс вчера, повикувајќи се на американски официјален претставник и на извори запознаени со таа проблематика, соопшти дека администрацијата на Трамп разгледува распоредување илјадници американски војници за да ја зајакне операцијата против Иран.
Вашингтон од почетокот на американско-израелската инвазија врз Иран на 28 февруари потврди дека 13 војници загинале откако Техеран возвратил со одмазднички напади врз американските воени бази во регионот.
Според извештајот на агенцијата Асошиејтед прес, Пентагон ќе побара од Конгресот дополнителни 200 милијарди долари за војната во Иран, но ова наводно барање од Министерството за одбрана сè уште не е официјално потврдено.






