недела, 7 декември 2025

Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје по 30 години

Пред состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш да продолжи со тестирање на нуклеарно оружје на рамноправна основа со другите нуклеарни сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поради програмите за тестирање на другите земји, му наредив на Министерството за одбрана да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп на Трут соушл пред средбата со Си во Јужна Кореја.

„Русија е на второ, а Кина е оддалечена на третото место, но ќе биде изедначена во рок од пет години“, нагласи Трамп.

Претседателот Владимир Путин во среда изјави дека Русија успешно го тестирала нуклеарното суперторпедо „посејдон“, за кое воените аналитичари велат дека е способно да уништи крајбрежни области со предизвикување огромни радиоактивни океански бранови.

Иако Трамп ја заостри и својата реторика и својот став кон Русија, Путин јавно ги покажа своите нуклеарни мускули со тестирање на новата крстосувачка ракета „буревестник“ на 21 октомври и со спроведување вежби за лансирање нуклеарно оружје на 22 октомври.

Соединетите Американски Држави последен пат тестираа нуклеарно оружје во 1992 година.

Тестовите даваат докази за тоа што може да направи секое ново нуклеарно оружје, како и за функционалноста на постарото оружје.

Покрај обезбедувањето технички податоци, таков тест би се сметал во Русија и Кина како намерно потврдување на американската стратешка моќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ