вторник, 3 февруари 2026

Трамп најави создавање стратешки резерви на минерали

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави создавање стратешки резерви на клучни минерали, со поддршка од државната банка за финансирање на извозот ЕКСИМ, во вредност од 10 милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со години, американските компании во периоди на пазарни нарушување се соочуваат со недостиг на стратешки важни минерали“, рече Трамп на средба во Овалната соба.

Проектот „Волт“ ќе ги заштити американските компании и работници од таквиот недостиг, додаде американскиот претседател.

Вашингтон ќе обезбеди 10 милијарди долари преку банката ЕКСИМ за купување и складирање на минералите, заедно со уште 2 милијарди долари приватно финансирање, рече Трамп. Минералите ќе бидат купени и складирани за производители на автомобили, технолошки компании и други компании, рече тој.

Банката ЕКСИМ соопшти дека го одобрил заемот вчера. Управувањето со набавките е доверено на трговските куќи „Хартри партнерс“, „Траксис Норт Америка“ и „Меркуриа енерџи груп“, изјави за Ројтерс функционер од администрацијата на Трамп запознаен со планот.

Проектот треба да ѝ помогне на американската автомобилска индустрија, а воедно да им овозможи на компаниите да ги држат потенцијалните ризици надвор од своите биланси, додаде тој. Целта е исто така да се воспостават резерви за итни случаи што треба да покријат 60 дневна побарувачка. Складирањето веќе започна, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ