понеделник, 13 април 2026

Трамп најави блокада на иранските пристаништа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потврди дека САД ќе ги блокираат бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа денес во 10 часот по источно време.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Војската на Соединетите Американски Држави објави дека денес во 10 часот наутро по источно време (16 часот по централноевропско време) ќе започне поморска блокада на сообраќајот што влегува и излегува од иранските пристаништа, соопшти Централната команда на САД.

Како што е наведено, блокадата ќе се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги и пристаништата во Арапскиот и Оманскиот Залив, и ќе се спроведува без оглед на земјата на потекло на бродот, објави Си-ен-ен.

Бродовите што не патуваат кон иранските пристаништа ќе имаат слободен премин низ Ормускиот теснец.

Иран одговори дека САД би можеле да ја изгубат контролата над водниот теснец Баб ел-Мандаб доколку преземат акции против Ормускиот теснец, пренесе агенцијата Тасним, повикувајќи се на информиран извор во Техеран.

Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормускиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата.

Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучувајќи и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб, предупредувајќи дека тоа би ги зголемило трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ