Трамп го објави потегот на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во Белата куќа.
“Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Ленлри, ќе испратиме одличен болнички брод на Гренланд за да се погрижиме за многу луѓе кои се болни, а за кои таму не се грижат. Тој веќе патува”, порача Трамп.
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) February 22, 2026
Ниту Белата куќа ниту кабинетот на Лендри не одговорија на прашањата дали бродот го побарала Данска или Гренланд и на кои болни лица им е потребна помош.
Соопштението на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека член на екипажот на американска подморница е евакуиран откако побарал итна медицинска помош седум наутички милји од Нуук, главниот град на Гренланд.
Не е сосема јасно каква врска има гувернерот Ландри со овој случај. Американската морнарица има два болнички брода, „Мерси“ и „Комфорт“, но ниту еден не е стациониран во Луизијана, објави ХРТ.
Данскиот крал Фредерик го посети Гренланд минатата недела втор пат за една година, обидувајќи се да покаже единство со територијата и противење на плановите на Трамп да го купи островот.
На крајот од минатиот месец, Гренланд, Данска и САД одржаа разговори за решение на ситуацијата што ги зголеми тензиите во НАТО во последните месеци.






