сабота, 6 декември 2025

Трамп му се закани на Хондурас со „пеколна одмазда“

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Хондурас дека ќе се соочи со „пеколна одмазда“ ако се обиде да ги поништи резултатите од неодамнешните претседателски избори, напиша Трамп на својот профил на Трут соушл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изгледа дека Хондурас се обидува да ги поништи резултатите од претседателските избори. Ако се случи тоа, ќе се соочат со пекол!“, порача Трамп во објавата.

Тој рече дека изборната комисија на Хондурас „одеднаш престанала да ги брои гласовите“, што укажува дека имало намера да се фалсификува изборниот процес.

Досега, властите на Хондурас не ги коментираа тврдењата на Трамп, ниту изборната комисија ги коментираше наводите за прекин на пребројувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ