сабота, 3 мај 2025

Трамп: Меланија и јас доаѓаме на погребот на папата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да присуствува на погребот на папата Франциско, кој вчера почина на 88-годишна возраст.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим“, напиша Трамп на Трут соушл.

Претходно американскиот претседател нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје на сите јавни згради во САД во знак на почит на папата Франциско, кого го нарече „добар човек“ кој „напорно работеше“.

Трамп претходно објави и кратка објава со почит за папата. „Почивај во мир папа Франциско! Господ нека го благослови него и сите оние кои го сакаа!“ напиша Трамп.

Датумот на збогувањето со папата Франциско сè уште не е познат. Папата Франциско често ја критикуваше антиимигрантската политика на американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ