понеделник, 22 декември 2025

Трамп: Ќе се вклучам во неправедното судење на Нетанјаху за да му помогнам малку

Претседателот на САД Доналд Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ на Си-би-ес изјави дека ќе се „вклучи“ во судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „за да му помогне малку“, што е продолжение на неговото мешање во судскиот систем и домашната политика на Израел, објави Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју со новинарката Нора О’Донел, Трамп го опиша Нетанјаху како „многу талентирано лице“ и лидер каков што му е потребен на Израел во време на војна. „Мислам дека не се однесуваат кон него многу добро. Му судат за некои работи и мислам дека не го третираат многу добро“, рече Трамп.

„Ќе се вклучиме за да му помогнеме малку, бидејќи мислам дека е многу неправедно“, додаде тој.

Интервјуто е снимено во петок, 1 ноември, а е емитувано вчера.

Според Аксиос, ова не е прв пат Трамп да се меша во правниот случај на Нетанјаху.

Минатиот месец, за време на обраќањето пред израелскиот парламент, Трамп неочекувано го повика претседателот Исак Херцог да го помилува Нетанјаху. „Цигари и шампањ, кого, по ѓаволите, го интересира тоа?“, рече Трамп во тоа време, алудирајќи на наводните нелегални подароци споменати во едно од обвиненијата.

Подоцна им откри на новинарите дека самиот Нетанјаху го замолил да го спомене тоа во говорот. Трамп исто така повикуваше на прекин на судењето во серија објави на социјалната мрежа Трут соушл во јуни оваа година.

На Нетанјаху му се суди по обвинение за поткуп, измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи.

Тој е обвинет за примање подароци од богати бизнисмени во вредност од повеќе од 200.000 долари и дека на телекомуникациски магнат му обезбедил регулаторни привилегии во вредност од стотици милиони долари во замена за позитивно медиумско известување.

Судењето трае веќе четири години, делумно поради повторените тактики на одложување на Нетанјаху, според извештаите. Поранешен шеф на безбедносната агенција на Израел го обвини премиерот дека ги користи своите извршни овластувања за да го одложи случајот.

Во истото интервју за „60 минути“, Трамп се осврна и на мировниот договор за Газа, признавајќи дека „морал малку да го притисне Нетанјаху на еден или друг начин“ за да се постигне договорот. „Не ми се допаднаа некои од работите што ги направи, а видовте што направив јас во врска со тоа“, додаде тој.

Трамп инсистираше дека прекинот на огнот во Газа е „цврст“, а не кревок, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува.

Трамп им потврди на новинарите на авионот Ер Форс Уан во неделата дека Хамас го вратиле телото на израелско-американскиот заложник Омер Неутра во Израел, заедно со останките на уште двајца израелски заложници.

Тој потврди дека разговарал со родителите на Неутра кратко откако добиле потврда од израелската војска. Телото на американско-израелскиот заложник Итај Чен, последниот американски заложник во Газа, сè уште го држи Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ