вторник, 9 декември 2025

Трамп: Ќе објавиме сè за Епстин и сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епстин, но посочи дека критичарите и теоретичарите на заговор веројатно никогаш нема да бидат задоволни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе им дадеме сè. Секако… што и да дадеме, никогаш не е доволно. Дадовме 50.000 страници и ситуацијата е иста како и измамата со Русија“, рече Трамп кога го прашаа новинарите.

Тој ги спореди документите за Епстин со објавувањето на документи за атентатите на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор во 1960-тите.

Тој рече дека Епстин во никој случај не е споредлив со двајцата, но дека постои сличност во притисокот за објавување претходно класифицирани документи за вакви случаи.

„Не зборувајте премногу за тоа, бидејќи искрено, не сакам тоа да ни го одвлекува вниманието. Тоа е навистина проблем на демократите. Демократите беа пријатели на Епстин, сите тие. И тоа е измама…“, рече тој.

„Само сакам луѓето да ја препознаат одличната работа што ја направив со цените, со енергијата, со завршувањето на осум војни и уште една што верувам дека наскоро ќе заврши. Направивме одлична работа. И мразам кога тоа го одвлекува фокусот од одличната работа што ја направивме“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ