четврток, 2 април 2026

Трамп: Ќе можев да направам многу повеќе да бев крал (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на велигденскиот ручек во Белата куќа, рече дека ќе можел да направи многу повеќе да беше крал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи пред гостите, Трамп се осврна на библиската приказна за влегувањето на Исус во Ерусалим, а потоа направи паралела со себе.

„На Цветници, Исус влезе во Ерусалим додека луѓето го поздравуваа како крал. Сега мене ме нарекуваат крал, верувате ли во тоа? Јас не сум крал. Таков крал сум што не можам да добијам ни дозвола за балска сала. Прилично неверојатно, нели? Јас сум крал. Да бев крал, ќе можев да направам многу повеќе. Правам многу, но ќе можев да направам многу повеќе да бев крал“, рече Трамп.

Забелешката на Трамп за „дозвола за балска сала“ се однесува на спорот околу неговиот проект за голема балска сала во Белата куќа. Вчера, федерален судија привремено ја запре изградбата на балската сала на Трамп вредна 400 милиони долари, велејќи дека проектот нема одобрение од Конгресот. АП исто така забележува дека проектот предизвика критики поради уривањето на Источното крило на Белата куќа и загриженост за зачувување на историското наследство.

Трамп постојано повторува дека сака да ги прошири капацитетите на Белата куќа за свечени приеми, тврдејќи дека сегашните простори не се соодветни за поголеми настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ