вторник, 23 декември 2025

Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта. И бродовите

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека танкерите за нафта што САД ги запленија покрај брегот на Венецуела ќе останат во посед на САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на новинарите за нафтата на првиот танкер запленет на 10 декември, Трамп рече: „Ќе ја задржиме“. Тој додаде дека нафтата може да се користи за стратешки резерви.

„Ги задржуваме и бродовите“, рече Трамп.

Американската крајбрежна стража заплени два танкери за нафта во Карибите во декември, а медиумите известија дека трет брод, за кој се верува дека е дел од таканаречената флота во сенка што ја користи Венецуела за заобиколување на санкциите, е следен од неделата.

На Трут соушл минатата недела, Трамп објави дека ќе воведе „ЦЕЛОСНА И КОМПЛЕТНА БЛОКАДА НА СИТЕ САНКЦИОНИРАНИ ТАНКЕРИ ЗА НАФТА кои влегуваат и излегуваат од Венецуела“.

Трамп го оправда потегот тврдејќи дека јужноамериканската земја украла нафта, земјиште и други средства од САД и дека тоа треба да биде вратено.

Венецуелската влада го отфрли барањето, нарекувајќи го „гротескна закана“ и сериозно кршење на меѓународното право.

Венецуела ги национализираше нафтените полиња на почетокот на 2000-тите, што влијаеше на американските и други странски компании. Ова доведе до спор околу исплатата на компензација.

Одговарајќи на прашања од новинарите во понеделник, Трамп потврди дека разговарал со големите американски нафтени компании чии средства биле запленети, но одби да открие детали од разговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ