петок, 19 декември 2025

Трамп ја забранува руската нафта во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им порача на европските лидери дека Европа мора да престане да купува руска нафта бидејќи продажбата на тој енергент ѝ помага на Москва да ја финансира војната во Украина, изјави неименуван функционер од Белата куќа за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп им порача на учесниците на состанокот на Коалицијата на спремните дека Европа мора да престане да купува руска нафта откако Русија заработи 1,1 милијарда евра од продажба на гориво во ЕУ за една година, рече функционерот. Според него, европските лидери мора да извршат економски притисок врз Кина поради наводното финансирање на руските воени напори.

Функционерот рече дека Трамп јасно ставил до знаење дека војната во Украина не е негова војна, па Европејците исто така мора да ги засилат напорите за прекин на конфликтот. Европската комисија предложи закон за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас во ЕУ до 1 јануари 2028 година.

Денес во Париз се одржа состанок на Коалиција на спремните за безбедносни гаранции за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон објави по состанокот дека 26 земји формално се обврзале да ги распоредат своите сили во Украина „без разлика дали на копно, на море или во воздух“ како дел од меѓународните безбедносни гаранции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ