вторник, 24 февруари 2026

Трамп има план: До 4 јули сака да ја запре војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја заврши војната во Украина пред да биде домаќин на прославите по повод 250-годишнината од американската независност на 4 јули, изјавија високи американски официјални лица за Блумберг.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

За време на неговата претседателска кампања, Трамп постојано ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа по преземањето на функцијата.

Околу 400 дена од почетокот на неговиот втор мандат, трилатералните разговори не доведоа до договор, а Владимир Путин, според официјалните лица, не покажува знаци дека е подготвен за компромис.

Трамп сега сака да ја заврши војната во рок од четири месеци, но Кремљ денес, на четвртата годишнина од почетокот на војната, порача дека ќе продолжи со борбите додека не ги оствари своите цели во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ