петок, 12 декември 2025

Трамп им вети помилување на поддржувачите за упадот во Конгресот, ако повторно биде претседател

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се кандидирам и ако победам, ќе се однесуваме фер кон тие луѓе“, кажа Трамп синоќа на митинг во Тексас.

Ако тоа бара помилување, како што наведе Трамп, учесниците на настаните од 6 јануари ќе бидат помилувани бидејќи кон нив, како што оцени, неправедно се постапува.

Повеќе од 700 луѓе се уапсени и обвинети во врска со немирите кои кулминираа со упадот во Конгресот на поддржувачите на Трамп во јануари 2021, кој тогаш беше претседател во заминување.

За време на четиричасовната окупација на Конгресот од страна на демонстрантите, проследена со нивни судири со полицијата, животот го загубија пет лица.

Непосредно пред влегувањето во Конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на митинг во Вашингтон, со повторување на неоснованите тврдења дека е украден на изборите и со повикување на поддржувачите „пеколно да се борат“ против изборните резултатите и да одат до парламентот на Капитол хил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ