Ова е втор познат случај овој месец во кој САД пресретнуваат брод во близина на Венецуела. На 10 декември, американските сили запленија голем танкер „Скипер“, кој беше под санкции поради неговите врски со Иран, објави Си-ен-ен. За разлика од тој случај, танкерот запленет во саботата не бил под санкции на САД, иако превезувал венецуелска нафта. Екипажот на бродот не пружил отпор за време на акцијата.
Според достапните информации, станува збор за танкер под панамско знаме, кој превезувал нафта од Венецуела и бил наменет за пазарите во Азија. Операцијата ја предводеше крајбрежната стража на САД, со логистичка и воена поддршка од американската војска, акцијата била спроведена во меѓународни води.
Американската секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави снимка од акцијата долга седум минути, на која се гледа хеликоптер како лета над танкер за време на, како што наведе, „акција во раните утрински часови“. Таа соопшти дека бродот последен пат бил закотвен во Венецуела и порача дека САД ќе продолжат да „го гонат нелегалното движење на санкционирана нафта што се користи за финансирање на наркотероризам во регионот“.
In a pre-dawn action early this morning on Dec. 20, the US Coast Guard with the support of the Department of War apprehended an oil tanker that was last docked in Venezuela.
The United States will continue to pursue the illicit movement of sanctioned oil that is used to fund… pic.twitter.com/nSZ4mi6axc
— Secretary Kristi Noem (@Sec_Noem) December 20, 2025
Запленувањата се случија откако претседателот Трамп оваа недела објави „блокада“ на сите санкционирани танкери што влегуваат или излегуваат од Венецуела. Иако оваа директива формално се однесува на бродови под санкции, американските акции на терен покажуваат пошироко толкување на оваа политика.
Венецуела реагираше остро. Државниот секретар Иван Хил изјави дека Иран му понудил на Каракас целосна соработка во справувањето со она што тој го нарече „пиратски акти“ и „меѓународен тероризам“ од страна на американската влада. Хил рече дека разговарал со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, со кој размениле мислења за безбедносната ситуација во Карибите и, како што рече, „кражбата на бродови натоварени со венецуелска нафта“.
PREPARE TO BE BOARDED.
This morning @USCG in coordination with the @DeptofWar executed a lightning strike operation to seize the Motor Tanker Centuries, which is suspected of carrying oil subject to U.S. sanctions.
The iron fist of America’s joint military and federal law… pic.twitter.com/lcUVauqg2M
— Homeland Security (@DHSgov) December 20, 2025
Според него, Техеран изразил „целосна солидарност“ со Венецуела и понудил соработка „во сите области“ за да се спротивстави на американските потези, за кои Каракас тврди дека претставуваат кршење на меѓународното право.
Венецуела располага со најголеми докажани резерви на нафта во светот, но производството функционира значително под капацитетот поради меѓународни санкции. Повеќето од венецуелската нафта во моментов завршува на кинескиот пазар.
Запленувањата дополнително го зголемуваат притисокот врз Венецуела, чија економија веќе е сериозно погодена од новите санкции врз нафтениот сектор воведени оваа година. Притисокот доаѓа и поради јавните закани на Трамп за можни копнени напади на територијата на Венецуела.






