недела, 14 декември 2025

Трамп го предупреди Израел по нападот врз Катар: Бидете внимателни, се работи за наш „добар сојузник“

Доналд Трамп доцна синоќа го предупреди Израел да биде внимателен, неколку дена по нападот врз претставници на палестинското движење Хамас во Катар, земја која американскиот претседател ја смета за „многу добар сојузник“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Катар е многу добар сојузник. Израел и сите други, мора да бидете внимателни. Кога напаѓате луѓе, мора да бидете внимателни“, им рече Трамп на новинарите.

Американскиот претседател додаде дека е „многу незадоволен“ од израелскиот напад извршен во вторник во Доха, главниот град на Катар, каде што се наоѓа политичката канцеларија на Хамас.

Американските дипломати проценија дека нападот сепак нема да влијае на односите со Израел.

Катар е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што војната беше предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Израелскиот напад, во кој загинаа пет членови на Хамас и еден член на катарските безбедносни сили, предизвика широка осуда, особено во арапскиот свет.

Катарските власти ја повикаа меѓународната заедница да „прекине со двојните стандарди“ кон Израел и да ја казни земјата.

Во Катар се наоѓа најголемата американска воена база во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ