Во интервју за британскиот весник „Сан“, Трамп изрази разочарување од ставот на Обединетото Кралство, јави „Сан“.
Трамп во телефонско интервју рече дека никогаш не помислил дека ќе го доживее тоа, особено не од Обединетото Кралство.
Споредувајќи ги сојузниците, тој додаде дека Франција била одлична, како и другите, додека Обединетото Кралство било многу поинакво.
Критиките на Трамп дојдоа откако владата на Стармер првично им го одби на Соединетите Држави користењето на британските бази за напад врз Иран, а потоа ги отвори за она што го нарече одбранбени удари.
Стармер во понеделникот во Долниот дом на парламентот нагласи дека владата не верува во промена на режимот од воздух, осврнувајќи се на нападите.






