среда, 25 март 2026

Трамп ги повика Унгарците: ИЗЛЕЗЕТЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЈТЕ ЗА ВИКТОР ОРБАН

Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред претстојните парламентарни избори во Унгарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Високо почитуваниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, е навистина силен и моќен лидер, со докажани резултати и извонредни достигнувања. Тој неуморно работи за својата голема земја и својот народ, кого го сака, исто како што јас правам за Соединетите Американски Држави.

Виктор работи вредно за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја поттикне трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди ЗАКОН И РЕД! Односот меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигна нови нивоа на соработка и исклучителни резултати за време на мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

„Се радувам што ќе продолжам да соработувам тесно со него за двете наши земји да напредуваат по овој извонреден пат на успех и соработка. Бев горд што го поддржав Виктор на изборите во 2022 година и ми е чест повторно да го сторам тоа.

Денот на изборите е 12 април 2026 година. Унгарија: ИЗЛЕЗЕТЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЈТЕ ЗА ВИКТОР ОРБАН. Тој е вистински пријател, борец и ПОБЕДНИК и ја има мојата целосна и безрезервна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија. ВИКТОР ОРБАН НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ИЗНЕВЕРИ ГОЛЕМИОТ УНГАРСКИ НАРОД. ЈАС СУМ СО НЕГО ДО КРАЈ“, додаде Трамп.

Членовите на „Патриоти за Европа“, група основана во 2024 година од Орбан и неговите сојузници, се собраа во Будимпешта во понеделник. Тоа е третата најголема политичка група во Европскиот парламент.

Партиите кои ја составуваат, од 13 земји од ЕУ, делат силно противење на имиграцијата, се залагаат за национален суверенитет наместо подлабоката европска интеграција и се залагаат за конзервативни општествени вредности.

На митингот учествуваа и политичари како што се Марин Ле Пен од Франција, Матео Салвини од Италија и Герт Вилдерс од Холандија. Еден по еден, сите 13 говорници се качија на сцената за да го пофалат Орбан и да ги повикаат Унгарците да гласаат за него и неговата партија Фидес на изборите на 12 април.

Но, две и пол недели пред изборите, повеќето анкети покажуваат дека Орбан заостанува зад лидерот на опозицијата, Петер Маѓар. Ова укажува дека 16-годишното владеење и влијание на Орбан врз конзервативното движење можеби завршува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ