понеделник, 9 јуни 2025

Трамп ги бара имињата и земјите на странските студенти на Харвард: „Мора да се плати“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација ги сака „имињата и земјите“ на сите странци што студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние што се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат во финансирањето на образованието на нивните студенти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Зошто Харвард не каже дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, а иако некои од нив воопшто не се пријателски расположени кон САД, тие не плаќаат ништо за образованието на своите студенти, ниту пак имаат намера некогаш да го направат тоа“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут сошл.

Тој нагласи дека неговата администрација сака „да знае кои се странските студенти и од каде се“, додавајќи дека Харвард „не е баш отворен“.

„Ги сакаме тие имиња и земји“, рече Трамп.

Според податоците на Харвард, оваа учебна година 27 отсто од студентите доаѓаат од странство, а мнозинството доаѓаат од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.

Во учебната 2024-2025 година Харвард запиша 6.793 студенти на додипломски и постдипломски студии од 147 земји.

Меѓународните студенти „немаат право на никакво федерално финансирање“, се наведува во делот за финансиска помош на веб-страницата на Харвард, и се додава дека „колеџот има свои пари за стипендии, кои се достапни за странските студенти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ