петок, 19 декември 2025

Јужнокорејскиот претседател: Во разговорот со Трамп ми помогна неговата книга „Уметноста на преговорите“

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека сака да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун уште оваа година и дека е отворен за понатамошни трговски разговори со Јужна Кореја, и покрај критиките што му ги упати на азискиот сојузник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да се сретнам со него оваа година“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба додека го пречекуваше новиот јужнокорејски претседател Ли Џае Мјунг во Белата куќа. „Се радувам на средбата со Ким Џонг Ун во соодветен момент“.

Трамп и Ли ја одржаа својата прва средба под напнати околности.

Американскиот претседател пред средбата на социјалните мрежи објави дека во Јужна Кореја можеби се случува „чистка или револуција“, пред да ги отфрли коментарите како веројатно „недоразбирање“ меѓу сојузниците.

И покрај тоа што во јули беше постигнат трговски договор со кој јужнокорејскиот извоз беше поштеден од построги американски царини, двете страни продолжуваат да се расправаат околу нуклеарната енергија, воените трошоци и детали од трговскиот договор што вклучуваше 350 милијарди долари ветени јужнокорејски инвестиции во Соединетите Држави.

Јужнокорејскиот претседател Ли избегна да влезе во отворен конфликт каков што се случи за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари или за време на посетата на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во мај.

Ли, применувајќи добро позната стратегија на странски посетители во Белата куќа на Трамп, зборуваше за голф и на големо го фалеше ентериерот и миротворството на републиканскиот претседател. Претходно им кажа на новинарите дека ги прочитал мемоарите на претседателот од 1987 година, „Трамп: Уметноста на преговорите“, за да се подготви.

Ли го повика Трамп да истрае во контактирањето на Северна Кореја.

„Се надевам дека ќе можете да донесете мир на Корејскиот Полуостров, единствената поделена нација во светот, за да можете да се сретнете со Ким Џонг Ун, да го изградите Трамп Ворлд [комплекс на недвижности] во Северна Кореја за да можам да играм голф таму, и за навистина да можете да ја одиграте улогата на светски историски миротворец“, рече Ли на корејски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ