сабота, 13 декември 2025

Трамп до австралискиот амбасадор: Не ми се допаѓаш и веројатно никогаш нема да ми се допаднеш (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му кажа на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер Кевин Рад дека не му се допаѓа и веројатно никогаш нема да му се допадне.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп вчера се сретна со актуелниот австралиски премиер Антони Албанис.

Политичкиот уредник на австралискиот Скај њуз, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто организацијата на состанокот траела толку долго, и дали тоа има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не ми кажувај. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, го праша Трамп Албанис.

Албанис одговори дека Рад сè уште е амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека пред да ја преземе функцијата амбасадор, кажал лоши работи за Трамп. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанис за американски амбасадор, се појави неговото интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како „селски идиот“. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекувал Трамп „предавник на Западот“ и „лудак“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ