„Имав многу рокови, но ако работите добро функционираат, обично роковите се продолжуваат. Но мислиме дека четврток е соодветно време”, изјави Трамп во интервју за радио-станицата Фокс њуз.
Како што порано денес објави Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата, Соединетите Американски Држави се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки податоци и испораката на оружје на Украина ако таа не се согласи на рамка за мировен договор посредуван од САД.
Извори велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да потпише рамковен договор до следниот четврток.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до нацијата претходно денес изјави дека Киев е под еден од најтешките притисоци и се соочува со ризик од губење на клучен партнер или достоинство.






