среда, 10 декември 2025

Трамп: „Царина“ е мојот омилен збор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царина“ е неговиот омилен збор, пренесоа американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Го сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, пренесува Њујорк пост.

Тој додаде дека неговата царинска стратегија „донесува стотици милијарди долари“ во Соединетите Американски Држави, според американскиот весник.

Трамп рече дека работниците во челичарниците, особено во Пенсилванија, постигнуваат подобри резултати благодарение на неговата царинска стратегија.

„Да немаше царини, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД, а тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ