четврток, 5 март 2026

Трамп: Благодарност до нашиот одличен генерален секретар на НАТО!

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако рече дека сојузниците во голема мера ги поддржуваат американските напади врз Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарност до нашиот одличен генерален секретар на НАТО!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Руте рече дека НАТО не е вклучен во нападите врз Иран, но додаде дека американските акции имаат „голема поддршка“ од сојузниците.

„Очигледно, сојузниците во голема мера го поддржуваат она што го прави претседателот, а исто така го овозможуваат она што САД го прават сега во регионот – уништување на нуклеарните капацитети на Иран и, секако, неговите ракетни капацитети“, рече Руте.

Руте додаде дека европските земји имаат сериозни безбедносни загрижености поврзани со Иран, наведувајќи закани и обиди за атентат поврзани со иранскиот режим во неколку земји-членки на НАТО.

Тој нагласи и дека НАТО останува подготвено да ја брани територијата на алијансата додека тензиите во регионот растат. Според него, системите за ракетна одбрана на НАТО пресретнале ракета што била насочена кон Турција, членка на алијансата.

Руте исто така рече дека НАТО намерно не прецизира под кои околности би се активирал Член 5, кој предвидува колективна одбрана во случај на напад врз членка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ