понеделник, 15 декември 2025

Трамп: Бездомниците мора да се иселат од Вашингтон. СЕГА

Претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе ги исели бездомниците од главниот град и ќе ги затвори криминалците, додека градоначалничката на Вашингтон тврди дека градот не се соочува со зголемување на криминалот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бездомниците мора да се иселат СЕГА. Ќе ве сместиме, но ДАЛЕКУ од главниот град. Криминалци, не мора да се селите. Ќе ве ставиме во затвор, каде што припаѓате“, објави Трамп на платформата Трут соушл.

Белата куќа одби да објасни кое законско овластување ќе го употреби Трамп за да ги исели луѓето од Вашингтон. Претседателот во градот контролира само земјиште и згради во федерална сопственост. Според Комјунити партершип, организацијата која работи на намалување на бездомништвото во Вашингтон, секоја вечер во градот со околу 700.000 жители 3.782 лица живеат како бездомници.

Повеќето од бездомниците се во итни засолништа или транзициски сместувачки капацитети. Околу 800 се сметаат за бездомници или „на улица“, соопшти организацијата. Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, од редовите на демократите, изјави дека главниот град „не доживува зголемување на криминалот“.

„Вистина е дека имавме ужасно зголемување на криминалот во 2023 година, но ова не е 2023 година. Работевме напорно во последните две години за да го намалиме насилниот криминал во овој град, спуштајќи го на најниско ниво во последните 30 години“, рече Баузер во емисијата Викенд на Ем-ес-ен-би-си.

Баузер посочи на можноста на претседателот да ја повика Националната гарда ако сака, тактика што администрацијата неодамна ја користеше во Лос Анџелес по протестите за имиграцијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ