„Немам порака за претседателот Путин, тој знае што мислам“, рече Трамп, пренесе Гардијан.
„Тој ќе донесе одлука на еден или друг начин, каква и да е неговата одлука, или ќе бидеме задоволни или незадоволни од неа, а ако сме незадоволни од неа, ќе видите што ќе се случи.“
На прашањето што мисли за кинеската воена парада, Трамп рече дека била „прекрасна церемонија“ и „многу, многу импресивна“.
Тој вели дека САД требало да бидат признаени во говорите „за тоа што ѝ помогнале на Кина да ја освои својата слобода“.
„Но, ја разбрав причината зошто го правеа тоа и се надеваа дека гледам, и гледав. Мојот однос со сите нив е многу добар. Ќе откриеме колку е добар во текот на следната недела или две“, додаде Трамп.






