„Нема повеќе нафта или пари што ќе доаѓаат во Куба – нула! Силно препорачувам да постигнат договор пред да биде предоцна“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа Трут соушл, пренесува Ројтерс.
Според Трамп: „Куба живее од големи количини нафта и пари од Венецуела со години. За возврат, Куба им обезбедуваше „безбедносни услуги“ на последните двајца венецуелски диктатори, но не повеќе! Повеќето од тие Кубанци се мртви по минатонеделниот американски напад, а на Венецуела повеќе не ѝ е потребна заштита од тепачи и изнудувачи кои ги држеа како заложници толку години. Венецуела сега ги има САД, најмоќната војска во светот (убедливо!) за да ја заштити – и ние ќе ја заштитиме.“






