недела, 1 февруари 2026

Трамп ѝ се закани на Канада поради Кина: „Одговорот ќе биде многу значаен“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека САД значајно ќе одговорат ако Канада продолжи со трговскиот договор што го договора со Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако склучат договор со Кина, да, ние ќе направиме нешто многу значајно“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Флорида од Вашингтон.

„Не сакаме Кина да ја преземе Канада. Доколку го склучат договорот што Кина сака да го склучи, Кина ќе ја преземе Канада“, рече тој.

Трамп минатата недела се закани дека ќе воведе 100% царини за стоки увезени од Канада ако земјата продолжи со спроведување на трговскиот договор со Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ