петок, 19 декември 2025

Тони Блер е кандидат за шеф на преодната власт во Газа

Поранешниот британски премиер Тони Блер би можел да стане шеф на преодната власт во Газа, пишува списанието Економист. Според овие наводи, како дел од планот за управување со територијата по завршувањето на непријателствата, се разгледува формирање на тело под името Меѓународна преодна власт во Газа (ГИТА), кое би можел да го предводи Блер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Списанието потсетува дека поранешниот британски премиер бил во Газа неколку пати од почетокот на војната и дека е активно вклучен во развивањето план за управување со оваа територија во постконфликтниот период.

„Тој е подготвен да го жртвува своето време. Искрено сака да заврши војната“, изјави еден од изворите запознаени со политичарот, пренесува Економист.

Доколку ја преземе оваа улога, на Блер би му била доделена една од најпредизвикувачките задачи во меѓународната дипломатија – да обезбеди стабилност и почеток на реконструкција во регион кој со години е сцена на вооружени конфликти и длабоки поделби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ