Во главниот град на Јапонија се регистрирани 11.227 нови случаи на зараза, соопштија локалните власти, еден ден по повторното воведување на ограничувањата за движење и деловни активности, кои треба да траат до 13 февруари.
Бројот на заразени скокна скоро 2,5 пати во однос на 4.561 една недела порано и беше поголем од 9.699 потврдени случаи вчера. Три лица починаа, а 12 пациенти се во тешка состојба. Стапката на зафатеност на болничките кревети во Токио се зголеми на 34,3 отсто. Зголемувањето на 50 отсто би ја оправдало вонредната состојба со построги ограничувања, рекоа локалните власти.
Префектурата Осака соопшти дека денеска има 7.375 заразени, што е рекорд втор ден по ред.






