понеделник, 8 декември 2025

Токаев до Путин: Терористите во Казахстан се сè уште активни

Објавено на

часот

Сподели

Токаев кажа дека Казахстан „неуморно ќе води борба против тероризмот“, се наведува на сајтот на казахстанскиот претседател.

Неговиот кабинет објави дека Токаев на рускиот претседател Путин во телефонскиот разговор му кажал дека ситуацијата сепак се стабилизира.

„Истовремено, жариштата на терористичките напади опстојуваат. Затоа борбата против тероризмот решително ќе продолжи“’, кажа казахстанскиот претседател во соопштението.

Кремљ објави дека Путин ја поддржал идејата на Токаев да свика видео-конференција со лидерите на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ), под кој Русија и четири поранешни советски републики испратија свои војници во Казахстан.

Минатата недела загинаа десетици луѓе, неколку илјади се притворени и запалени се државни институции низ Казахстан во најголемите немири од независноста на големиот произведувач на нафта и ураниум по распадот на Советскиот Сојуз.

Токаев им нареди на своите војници да пукаат без предупредување и да стават крај на, како што кажа, нападите на разбојниците и терористите.

Приведени се повеќе од 4.500 луѓе, а над 40 се убиени во судирите во Казахстан, според официјалните податоци кои ги објави вчера државната телевизија.

Меѓу мртвите има и припадници на безбедносните сили.

Токаев прогласи ден на национална жалост во сеќавање на „многуте жртви на трагичните настани во некои делови на земјата“.

Се стравува дека бројот на мртви би можел да биде многу поголем.

[video:https://youtu.be/jtKVShxxuvs autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ