четврток, 11 декември 2025

Тешка артилерија пука во Доњецк, не се знае кој пука (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во описот на снимките на социјалните мрежи, од рано наутро одекнуваат истрели од тешка артилерија во тој дел од Украина. На друга видео-снимка се наведува дека се слуша артилерија во областа Кировски.

Засега сè уште не е јасно кој пука.

Повеќе образовни институции во Доњецк пријавиле 136 закани со бомби и сите загрозени места се евакуирани. Евакуацијата е спроведена неколку часа откако се слушнало пукањето.

Еден жител на Доњецк за руските медиуми изјавил дека луѓето се преплашени и сакаат ситуацијата да се реши по мирен пат.

Донбас е украинскиот регион на граница со Русија, во кој влегуваат Доњецката и Луганската област, и тие се фактички воена зона помеѓу Украина и Русија од анексијата на Крим во 2014.

Донбас е инаку еден од индустриски најбогатите делови од Украина, кој е под контрола на проруските бунтовници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ