вторник, 23 декември 2025

Терористички напад во Пакистан, најмалку пет мртви

Пет полицајци беа убиени во терористички напад врз нивното возило во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, соопштија официјални лица.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случил во округот Карак во покраината што граничи со Авганистан, според пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви.

Осудувајќи го нападот, Накви рече: „Нападот врз безбедносниот персонал е јасен чин на варварство од страна на брутални елементи“.

„Жртвите нема да бидат залудни, државата ќе одговори со полна сила“, додаде тој.

Голем број безбедносни лица се распоредени во областа во потрага по терористите, чии напади станаа сè поголем проблем во последните години поради немирите и несигурноста во пограничната област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ