Руските државни медиуми објавија дека Александар Вучиќ ќе биде еден од странските државници на настанот, како и дека Србија ќе учествува со воени единици и опрема на спектаклот на 9 мај. Како одговор, европските претставници го предупредија Вучиќ дека неговата посета ќе биде кршење на критериумите за членство во ЕУ и ќе ги загрози европските амбиции на Србија.
„Мораме јасно да им ставиме до знаење дека одредени одлуки имаат цена“, рече Џонатан Всевиов, генерален секретар на естонското Министерство за надворешни работи. Последицата е дека нема да влезат во Европската унија.“
„Русите многу се трудат да доведат странски гости… Ова ќе биде важен тест за нас. Во суштина, гледаме дали се на наша страна или играат за друг тим“.
Каја Калас, главен европски дипломат, изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ на вчерашната средба разговарале за учеството на земјите кандидати на церемонијата во Москва.
„Се разговараше многу јасно и неколку земји-членки рекоа дека секое учество на паради или прослави на 9 мај во Москва нема да биде сфатено лесно од европската страна, имајќи предвид дека Русија води вистинска, сеопфатна војна во Европа“, изјави таа за новинарите по состанокот.
Србија долго време се обидува да одржи добри односи и со Брисел и со Москва во исто време.
Таа аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година и доби статус на кандидат во 2012 година. Пристапните преговори на Србија беа закочени во последниве години поради нејзината очигледна поддршка за илегалната инвазија на Русија на Украина.
Белград одби да воведе западни санкции кон Русија како одговор на војната, што повеќето земји-членки на ЕУ го бараат како услов за членство. Русија е сопственик на единствената нафтена рафинерија во Србија и одбива да ја продаде, со што Србија економски зависи од Москва.
Каја Калас беше принудена да ги предупреди другите членки на ЕУ да не учествуваат на парадата за Денот на победата на Путин, со која оваа година се одбележува 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Словачка, членка на ЕУ со блиски врски со Москва, исто така е поканета на настанот следниот месец.
Роберт Фицо, премиерот на Словачка, минатата година рече дека ќе присуствува и е еден од ретките лидери на ЕУ кои се сретнале со Путин во повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се смета за најблизок сојузник на Путин во Европа, нема да присуствува.
„Ги повикав сите членки, како и претставници на институции, да го посетуваат Киев што е можно почесто за да ја покажеме нашата солидарност и дека стоиме покрај Украина“, рече Калас.