„Работам со вакцини веќе 30 години и отсекогаш страстно сум се занимавал со меѓународни прашања. Сега имам можност да придонесам на обемната меѓународна соработка. Сè уште е важно вакцините да пристигнат во земјите кои немаа финансиски услови да купат свои дози“, изјави 65-годишниот Андерс Тегнел.
Тегнел е доктор на науки и специјалист за заразни болести. Работел со години во шведскиот Институт за контрола на заразни болести, Националниот одбор за здравство и социјална грижа, СЗО и Европската комисија. Тој станал главен државен епидемиолог на 1 март 2013 година.
На оваа позиција, во последните две години, стана глобално познат и се соочи со пофалби и критики за шведската пандемиска стратегија, која првенствено се состоеше од што е можно поблаго мешање во секојдневниот живот на граѓаните. Првенствено под негово влијание, Шведска никогаш не воведе карантин за време на пандемијата, ниту пак прифати употреба на маски во јавноста или сеопфатна употреба на ковид-сертификати.
Тегнел, од друга страна, беше силен поборник за вакцината против ковид-19, а успешната кампања во Шведска резултираше со стапка на вакцинација од 85 проценти во популацијата над 12 години.






