Разговорите меѓу руската и украинската делегација ќе почнат в понеделник наутро, рекол денеска извор за ТАСС.
„Тоа не е одложување. Средбата ќе почне наутро. Причината е логистиката на украинската делегација“, рече изворот.
Помошникот на рускиот претседател Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација на разговорите, претходно изјави дека во неделата е постигнат договор со украинската страна за разговори во белорускиот регион Гомел. Руската делегација веќе го напуштила Минск и се упатила кон местото на разговорите, кое, според изворот на ТАСС, нема да биде откриено.
„Москва и Киев треба да изработат краток патоказ и да постигнат заеднички став за време на преговорите“, рече членот на руската делегација на разговорите со Украина Леонид Слуцки, претседател на Комисијата за меѓународни работи.
„Надежта и здравиот разум велат дека е време да бидеме поконструктивни од двете страни“, рече тој. „Процесот на преговори е навистина можност за некои отстапки и патоказ, но тој треба да биде многу краток во контекст на придвижувањето кон тие договори, што, се надевам, ќе се случи денеска и ќе дојдеме до истиот унифициран став“, рече тој.






