Наредбата досега ја добиле осум владини органи, соопшти министерството за промовирање на доблести и спречување пороци. Дополнително, владините канцеларии мора да ги одделат работните места за жените и мажите и мажите мора да учествуваат во групните молитви кога се на работно место.
Забрането е вработување на малолетнци и мажи без брада. Министерството претходно им нареди на таксистите да не возат жени кои не носат хиџаб или не се во придружба на близок машки роднина.
Минатиот месец, талибанската верска полиција постави постери и големи плакати во градот со кои ги повикуваат жените да се покријат. Постерите прикажувале хиџаб и бурка. Жените кои протестираат против ограничувањата се приведувани или вознемирувани.






