вторник, 3 март 2026

Тајмс: Велика Британија планира да испрати воен брод за одбрана на воената база на Кипар

Велика Британија планира да испрати воен брод за одбрана на својата база на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во Акротири на Кипар од ирански напади, објави весникот Тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Напад со беспилотно летало произведено во Иран ја погоди пистата во базата Акротири во раните утрински часови во понеделник, а Велика Британија соопшти дека Иран таргетирал британски имот, според Ројтерс.

Тајмс, повикувајќи се на три извори, соопшти дека министерот за одбрана Џон Хили во вторник одржал состанок со високи воени претставници, на кои се разговарало за испраќање на разурнувачот ХМС Данкан во регионот.

Министерството за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот, според Ројтерс.

Порано во вторник, полуофицијалната Кипарска новинска агенција (КНА) објави дека Франција планира да испрати противракетни системи и систем против дронови на Кипар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ