„Замрзнувањето на конфликтот за мене значи пораз“, кажал украинскиот лидер. Извори од неговиот најтесен круг за Тајм тврдат дека може да се очекуваат големи промени во воената стратегија и потреси предизвикани од смените. Најавиле дека најмалку еден министер ќе биде отпуштен, заедно со генерали задолжени за контраофанзивата.
Тие објасниле дека со тоа ќе се казнат одговорните за немањето напредок на Украина на фронтот. „Не одиме напред“, кажал еден од блиските соработници на Зеленски. Напоменал дека некои команданти на првата линија одбиваат да ги слушаат наредбите да тргнат во напад, дури и во случаи кога тие доаѓаат директно од кабинетот на Зеленски.
„Тие само сакаат да седат во рововите и да ја држат линијата. Но така не можеме да ја добиеме војната“, порачал соработникот на украинскиот претседател. Тајм објави напис за проблемите со кои Зеленски се соочувал за време на конфликтот, од ситуацијата на фронтот и потребата за собирање меѓународни финансии, до борбата против корупцијата.