Тајландската армија во својата изјава наведе дека вооружените сили на соседна Камбоџа отвориле оган врз спорната гранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок.
Соседната земја ја обвинија дека неодамна поставила нагазни мини во граничната област, додека Камбоџа одговори дека станува збор за неосновани обвинувања.
Еден војник и 11 цивили загинаа во вооружените судири, изјави тајландскиот министер за здравство Сомсак Тепсутин.
Вкупно 35 лица беа погодени во нападот, додаде Тепсутин.
🇰🇭 #Cambodia – 🇹🇭 #Thailand: Footage showing Cambodian soldiers exchanging fire with Thai troops at border positions. pic.twitter.com/0hazj1g1vb
— POPULAR FRONT (@PopularFront_) July 24, 2025
Тајланд ги затвори сите свои гранични премини со Камбоџа, објави воен функционер.
Борби се водат во шест области долж спорната граница, изјави воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.
Министерството за национална одбрана на Камбоџа издаде соопштение во кое го обвинува Тајланд за распоредување премногу војници, користење тешко оружје и извршување воздушни напади во обид насилно да ја окупира територијата на Камбоџа, објави Би-би-си. Министерството го опиша чинот на Тајланд како „брутална и нелегална воена агресија“ и „јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, нормите на АСЕАН и основните принципи на меѓународното право“, според извештајот на медиумот Кмер тајмс.
Тие исто така тврдат дека тајландските борбени авиони фрлиле две бомби на територијата под контрола на Камбоџа.
🇰🇭 #Cambodia – 🇹🇭 #Thailand: Footage showing Cambodian soldiers exchanging fire with Thai troops at border positions. pic.twitter.com/0hazj1g1vb
— POPULAR FRONT (@PopularFront_) July 24, 2025
„Овие нелегални и неодговорни дејствија не само што претставуваат сериозна закана за регионалниот мир и стабилност, туку и ги поткопуваат темелите на меѓународниот поредок“, изјави портпаролката на министерството Мали Сочеата. Министерството дополнително предупреди дека армијата е целосно подготвена да го брани суверенитетот на Камбоџа „по секоја цена“.






